Партизан прв финалист на АБА лигата

Партизан се пласираше во финалето на АБА-лигата, откако и во вториот натпревар од полуфиналната серија славеше против Црвена Звезда, овојпат на гостински терен со резултат 78-89.

Со оваа победа, избраниците на тренерот на Партизан без поголеми проблеми ја затворија серијата и заслужено обезбедија место во големото финале, каде ќе го чекаат победникот од дуелот меѓу Дубаи и Будуќност.

Најефикасен во победничкиот состав беше Бруно Фернандо со 19 поени и шест скока, додека Дилан Осетковски постигна 17 поени. Значаен придонес имаше и Стерлинг Браун со 16 поени.

Кај Црвена Звезда, најефикасен беше Џоел Боломбој со 12 поени.