Партизан се противи на влегување на Дубаи во Евролигата

Претседателот на српскиот гигант Партизан, Остоја Мијаиловиќ се спротистави на влезот на тим од Дубаи во регионалната АБА-лига.
Дубаи веќе доби место во Евролигата од сезоната 2024/25 поради тоа што потпиша договор вреден 150 милиони евра со раководството на лигата.
„Имаме комплицирана ситуација која ни е позната на сите. Еден клуб со години прави проблем, иако гласаше за реформа на матичната компанија. Поради тоа лигата не е регулирана и бизнисот е тежок. Влез на нов тим во АБА-лигата дополнително би создал проблеми. Додека не се реши проблемот, Партизан е против влез на Дубаи во АБА“, изјави Мијаиловиќ.