Пасквал носи уште еден Египќанец во Веспрем
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2025/02/476634547_582163691354064_4418332144983110439_n.gif)
Египетскиот лев бек Али Зеин следната сезона ќе игра за унгарскиот Веспрем. Се очекува 34-годишниот Зеин да го замени дресот на Динамо Букурепт со тој на унгарскиот шампион.
Египќанецот првпат пристигна во Европа на 26 години, преминувајќи во редовите на францускиот клуб Екс Прованс.
Во сезоната 2021/22 го облече дресот на Барселона, но ниту таму не се прослави и се пресели во амбициозниот Динамо Букурешт.