Пасквал ќе го презме Веспрем, Динамо Букурешт ќе добие 200.000 евра
Шпанскиот тракометен тренер Чави Пасквал ќе го преземе унгарскиот ракометен гигант Веспрем.
Искусниот стратег треба да потпише четиригодишен договор со унгарскиот шампион. Според романска „Газета“, понудата од Веспрем не можела да се одбие, а Унгарците се согласиле да ја платат и потребна ослободителна клаузула која шпанскиот тренер ја имаше со Динамо.
Пасквал ќе заработува преку 30.000 евра месечно во Веспрем, а негова цел ќе биде трофејот во Лигата на шампионите. Ослободната клаузула која унгарскиот клуб мора да ја плати на Динамо е 200.000 евра.