Патрик Бамфорд се враќа во составот на Лидс

Напаѓачот на Лидс, Патрик Бамфорд е подготвен за враќање на теренот по повредата и ќе се обиде да му помогне на тимот во битката за опстанок во Премиер лигата, информира тренерот на екипата, Џеси Марш.
Бамфорд, поради повреда на стапалото е надвор од тимот од почетокот на декември и оваа сезона одигра само пет натпревари во Премиер лигата.
„Бамфорд нема да биде стартер на дуелот со Астон Вила, но тој е во екипата и може да влезе ако треба. Патрик е позитивно момче и неговото враќање во игра ќе има позитивно влијание врз тимот“, изјави тренерот Марш.