Патрик Муратоглу верува дека Надал ќе ја одбрани титулата во Париз

Патрик Муратоглу, поранешниот тренер на Серена Вилијамс, даде прогноза околу фаворитите на Ролан Гарос кој почнува наскоро. Францускиот стратег во видеото објавено на Инстаграм, порача дека Надал, иако не е целосно подготвен, повторно ќе биде фаворит број1 пред Новак Ѓоковиќ.

Фактот што освои 14 трофеи овде, не смее да се потцени, па тој и повреденј во Париз е секогаш фаворит.

„Никој на земја нема направено нешто како Надал, посебно на Ролан Гарос. Тоа е едноставно негов турнир. Коло по коло, меч по меч, тој ја гради својата добра форма и сам себе се бодри, затоа и овде ќе биде фаворит“, порача Муратоглу.

Муратоглу смета дека најголема закана за Надал ќе бидат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

„Значи, фаворит ќе биде Рафаел Надал, веднаш зад него Ѓоковиќ, а потоа и Карлос Алкараз“, заклучи Муратоглу.