Пауло Бенто не е повеќе селектор на ОАЕ

Португалскиот фудбалски стратег Пауло Бенто повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Бенто беше отпуштен ден по победата на ОАЕ со 2-1 над Северна Кореја во осмото коло од групата А од третото коло од азиските квалификации за Светското првенство во 2026 година.
„Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати одлучи да го разреши селекторот на репрезентацијата Пауол Бенто, заедно со неговиот стручен штаб“, објави Фудбалскиот сојуз на ОАЕ на социјалните мрежи.
Бенто (55) ја презеде репрезентацијата на ОАЕ во јули 2023 година. Претходно ги водеше селекциите на Португалија и Јужна Кореја, како и Спортинг, Крузеиро и Олимпијакос. Фудбалската репрезентација на ОАЕ на две кола пред крајот е на третото место во поредокот во групата А од квалификациите за СП 2026 година со 13 бодови.