Пау Торес на цена, два европски гиганти го сакаат Шпанецот

ПСЖ и Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен инетерес за шпанскиот репрезентативец и дефанзивец на Виљареал, Пау Торес.

ПСЖ сака да ја засили одбраната, а Торес е прв на листата желба бидејќи клубот во него гледа идеален наследник на Серхио Рамос. 25-годишниот Шпанец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Манчестер Јунајтед пак бара замена за Мегваер и веќе подолго време ги следи настапите на Пау Торес, па сака да го доведе на „Олд Трафорд“.

Виљареал за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која споменатите клубови нема да имаат проблем да ја платат.