Педри добива нов договор во Барселона
Првотимецот на Барселона, Педри, го продолжи договорот до 30 јуни 2030 година, соопшти каталонскиот клуб.
Во соопштението се вели дека Педри го продолжил договорот со Барселона во присуство на претседателот на клубот Џоан Лапорта, потпретседателот Рафа Јуста и спортскиот директор Деко.
Финансиските детали од договорот не беа откриени. Педри (22) пристигна во Барселона во 2019 година од Лас Палмас. За Барселона одигра 174 натпревари и постигна 24 гола.
За шпанската репрезентација одигра 30 натпревари и двапати постигна гол. Со Шпанија го освои Европското првенство во 2024 година во Германија.