Педри: Сакам засекогаш да останам во Барса
Младата ѕвезда на Барселона, Педри уште еднаш изрази надеж дека ќе остане што подолго во клубот. Играчот од средниот ред беше еден од најдобрите на теренот во победата од 3-0 над Брест во Лигата на шампионите.
Иако има уште неколку години до крајот на неговиот актуелен договор со „каталонците“, Барса преговара со агентот на играчот околу неговото обновување.
Се чини дека желбата и на младиот фудбалер е да остане во клубот и не се очекува да има пречки во разговорите.
„Не знам ништо конкретно, но секогаш сум велел дека овде ми оди многу добро. Ќе разговарам со мојот агент за тоа. Имам уште многу години пред мене, но секогаш сум велел дека ова е клубот во кој сакам да останам засекогаш. Не знам ништо за денешната средба меѓу мојот агент и клубот“, изјави Педри по мечот со Брест.