Педро Поро еден месец надвор од фудбалските терени

Десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, отпатува во Шпанија на консултации со специјалисти поради повредата на задната ложа. Шпанскиот репрезентативец се повреди на 19 септември, на натпреварот против Астон Вила, кога мораше да биде заменет по само 19 минути игра. Од Тотенхем првично се надеваа дека повредата нема да биде сериозна, но дополнителните прегледи покажале дека ќе биде потребна подолга пауза.
Според информациите од Англија, Поро би можел да биде надвор од терените околу еден месец.