Пелистерци промашуваа, Арсими се враќа од Битола со четири гола и три бода

Пелистер доживеа непријатно изненадување во мечот од петтото коло на Првата македонска фудбалска лига, во кој Арсими забележа висока победа од 0-4.
Иако домаќините важеа за фаворити, нивните напади се покажаа како недоволно агресивни и непрецизни за да ја затресат и мрежата на гостинскиот тим. Воведните шанси на Ристовски и Булатовиќ не беа реализирани, во првиот случај со добра интервенција на Ислами, а во вториот, дирекот беше сојузник на Арсими. До крајот на првиот дел, битолчани успеаја да погодат и пречка, но потоа темпото на нивната игра опадна.
Во вториот дел Арсими поведе од втората шанса. Армин Бесагиќ реализираше во 66 минута за 0-1, по асистенција на Гафури. Пелистер не успеа да создаде нови шанси и во последните десет минути од средбата прими три бода.
Во 81. минута, Таипи влезе во шеснаесетникот на домашните и го совлада Јовчевски, а неговиот пробив првично беше оценет за офсајд, но по прверката од ВАР, беше прифатен. Веќе во следниот напад Шефити погоди за 0-3, а конечниот резултат го постави Игнатов во судискиото продолжение во соло продор.
Во следното шесто коло пелистерци в четврток гостуваат во Скопје против Работнички.