Пелистер го среди ТФТ, гостинска победа на Работнички на почетокот од сезоната

Со денешните три натпревари беше комплетирано првото коло од кошаркарската Супер лига. Во дербито на колото во Битола Пелистер го совлада ТФТ со 78:70, а во изедначен натпревар домашниот ти решавачката предност ја оствари во последната четвртина со 24:17.

На другите два денешни дуели победија гостите. Работнички предводен од капитенот Виктор Ефремовски и Роберт Рикиќ стигнаа до победата против новиот суперлигаш Струмица со 92:85, додека Кожув го победи вицепрвакот Скопје 2023 (поранешен Маџари) со 101:95. Комплетната стартна петорка на гевгеличани имаа двоцифрен број поени.

На вчерашниот дуел: Штип – Тиквеш 65:93, а во првиот дуел од првенството МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово 85:77.