Пелистер загуби во драматичен финиш од Џокер

Една очајна четвртина им пресуди на кошаркарите на Пелистер во третиот настап во новата сезона на АБА2 лигата. Вечерва во Битола, „зелено-белите“ го пречекаа српски Џокер и на крајот загубија со 77-81.
Ова е втор пораз за Пелистер во досегашните три кола, додека Џокер има максимален ефект.
Едвардс со 18 и Мишковиќ со 16 поени беа најефикасни кај Пелистер.