Пелистер загуби во Ѓорче Петров, иако поведе уште во првата минута

Фудбалерите на Македонија ЃП дојдоа до првиот триумф во сезоната 2025/26, откако на домашен терен денесго совладаа составот на Пелистер со 2-1. Со пресврт домашниот тим на крајот успеа да дојде до првите три бода во сезоната, по стартот во кој имаше три порази по ред во шампионатот.
Гостите од Битола поведоа уште во 2. минута поведоа. Ристиќ го проигра Булатовиќ, кој излезе сам пред Јанков и со лоб удар успеа да го совлада. Македонија ЃП во 22. минута се закани преку Талаков кој со глава ја погоди стативата, а тоа како да беше предвесник за она што ќе се случува неколку минути подоцна. Гереро влезе во шеснаесетникот на Пелистер, Спировски стартуваше врз него, направи прекршок, и беше покажан пенал. Христов го реализираше успешно по средината на голот.
Вториот дел почна со уште една добра шанса на Македонија ЃП. Шутираше Ристиќ, Јанков одби до Ристевски, кој од добра позиција шутира само крај голот. Казната стигна во 66. минута. По една мешаница пред голот на Јовчевски, најпрво се обиде Елмас, голманот на Пелистер кратко одби до Гереро, а овој успеа да постигне гол.
До крајот на мечот Пелистер се обиде да извлече бод, но Македонија ЃП успеа да се одбрани и така да ги освои бодовите од овој меч.