Пелистер од четвртиот шешир ја чека ждрепката за ЛШ на ФИБА

КК Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник на утрешната ждрепка во Лозана каде ќе бидат формирани натпреварувачките групи во квалификациите и регуларниот дел од сезоната во ФИБА Лигата на шампионите.

Екипата од Битола е еден од 24 тимови во квалификациите. На ждрепката утре напладне, Пелистер ќе ги очекуваат своите ривали на еден од трите квалификациски турнири за пополнување на три места во регуларниот дел о д Лигата на Шампионите, каде веќе се познати 29 учесници.

Победниците на трите квалификациски турнири ќе им се придружат на оние 29 екипи за да се формираат натпреварувачките групи во регуларната фаза во која ќе се натпреваруваат 32 екипи поделени во осум групи.

Согласно со спортските критериуми, македонскиот претставник ќе биде во вториот или третиот квалификациски турнир. Ждрепката ќе ја дочека од четврттиот „шешир“, заедно со екипите на Порто (Португалија), ПГЕ Старт Љублин (Полска) и СЦ Дерби (Црна Гора).