Пелистер поведе во плеј-офот против ФМП Академија
Пелистер најде начин како да му се „одмазди“ на Навико Академија ФМП за она што го загуби во четвртфиналето од Купот.
Имаа одлични 20. минути домашните кошаркари во кои направија убедлива разлика, која со доста рутинирана, и смирена игра ја оддржаа во второто полувреме.
Откако „пелистерци“ и без помошта на својот капитен, Бојан Трајковски, кој се повреди толкму на нивниот меѓусебен меч од четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“, предводени од извонредниот Игор Кесар (стрелец на 20.поени), доминантно го добија првото полувреме против Навико Академија ФМП. Имаа „вишок“ од 17.поени (54:37).
Но со серијата од (11-0) момците од Кисела Воода се вратија назад во мечот. Стигнаа на минус од само шест поени (48:54), и го претворија ова четвртфинале доста поинтересно.
Имаа „академициге“ доста добра реализација во шутот за три поени (41%), но го имаа и расположениот Крстајиќ кој во второто полувреме поентерски му парираше на Кесар.
Битолчани успеаја да го одбијат тој напад на противникот. Во вистински момент почна да погодува Калахан, кој набрзина дојде до бројката од 19. поени. По две минути од играта во последниот дел, одново имаа двоцифрен плус. По поентирањето на Малешевиќ беа во плус од 11.поени (74:63).
Крстајиќ пак го одржуваше гостинскиот тим во игра за нто повеќе. Но само што ќе дојдеа на достижна разлика, кошаркарите на Навико Академија ФМП не знаеја како да го зададат тој последен удар.
Иако не блескаа и беа далеку од некои други изданија, „зелено-белите“ дојдоа до посакуваната цел.
Комплетната ударна петорка (без заменикот на Трајковски, Михајловски), имаше десет и повеќе поени. Кесар 22, Калахан 21, Малешевиќ 16, а Стајиќ 15.поени.
Крстајиќ дојде до бројка 31, но немаше друга поентерска поддршка ако не се земат в предвид десетте поени кои дојдоа од Темелковски.