Пелистер со рутинска победа против младите „аеродромци“
Ниту младите „металци“ немаа решение за мотивираните битолчани. Не сакаа „зелено-белите“ ништо да препуштат на случајноста. Уште во раната фаза од мечот во СЦ „Јане Сандански“ стигнаа до комотна разлика, која од минута во минута само ја зголемуваа, и стигнаа, би се рекло, рутинерски, до планираната цел – двата бода. Предноста која битолчани ја имаа на полувремето (51:41), беше реализирана во првата четвртина, која ја решија во своја корист со (23:14). Прво полувреме во кое двоецот Малешевиќ-Кесар искомбинира 31. поен кај Пелистер, додека пак Монтгомери беше на еден скок од дабл-дабл. За нецели 19.минути на теренот Американецот во редовите на МЗТ Скопје Уни Банка имаше скоро половина од тимските поени (18) и скокови (9). На почетокот на второто полувреме, Стајиќ стана третиот „двоцифрен“ играч на Пелистер кој веќе имаше уште поубедливи (63:48). Кога застана Стајиќ, продолжи Трајковски. Репрезентативното крило набрзина стигна до бројката од 20.поени, а неговата екипа беше уште поблиску до новиот триумф. На истекот на третиот период лидерот во шампионатот „бегаше“ со недостижни 25.поени – (81:56). Со скор (11-2), Пелистер останува водечка екипа во првата лига. МЗТ Скопје Уни Банка е на ефект (2-10).