Пепе е највозрасниот стрелец на гол за Португалија

Португалскиот фудбалски репрезентативец, Пепе, беше стрелец на гол за својата екипа во победата од 6:1 над Швајцарија во осминафиналето од Светското првенство во Катар.

Пепе со неговиот гол со глава на оваа средба стана највозрасниот стрелец на Португалија, и втор највозрасен стрелец во историјата на светските првенства.

Пепе кој има 39 години и девет месеци го престигна сонародникот Кристијано Роналдо кој има 37 години и на Мундијалот постигна гол против Гана. Рекордер на светските првенства е Камерунецот Роже Мила кој на првенството во 1994 година постигна гол против Русија на 42 години и 39 дена.