Пеп Гардиола се заканува да го напушти Манчестер Сити

Гардиола, познат по својот прецизен пристап кон тренерската работа и тимската динамика, наводно не е задоволен од моменталната големина на составот. Се верува дека прекумерниот број на фудбалери ги попречува перформансите на тимот и создава тешка работна средина за менаџерот. 

Сити моментално располага со 28 играчи во првиот тим, без да се вклучат четворицата што се на позајмица. Клубот има еден од највредните состави во светот, а според некои медиуми, тимот се проценува на над 1,3 милијарди евра. 

„Му реков на клубот… Не сакам да натерам пет или шест играчи да гледаат од трибините“, изјави Гвардиола по победата со која Сити се искачи на третото место на табелата. 
„Не го сакам тоа. Ќе поднесам оставка. Ако се направи пократок состав – ќе останам.“ 

Доколку не се исполнат неговите барања, шпанскиот стратег е подготвен да го напушти Манчестер Сити. Оваа закана предизвика шок во фудбалскиот свет, а навивачите и експертите веќе шпекулираат за потенцијалните последици од ваквиот радикален потег.