Пеп Гвардиола: Игравме добро, но бевме неконстантни и примивме три гола
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше разочаран по ремито со Феенорд во Лигата на шампионите. Натпреварот од 5. коло од главната фаза заврши со резултат 3-3. Манчестер Сити прими три гола, иако водеше со 3-0 во 75. минута од натпреварот.
„При 3-0 одигравме добро, но потоа примивме многу голови бидејќи бевме неконстантни. Ги оставивме да го постигнат првиот гол, па вториот, па беше тешко. Во последно време губиме многу, ранливи сме и секако ни требаше победа, а играта ни даде самодоверба. Не знам дали ова има врска со психологија. Првиот гол не требаше да се постигне, ниту вториот. После тоа заборавивме на се што се случи, бевме очајни да победиме“, додаде менаџерот на англискиот шампион.
„Играме добро, но не победуваме. Ситуацијата е таква каква што е. Одигравме добар натпревар, но на ова ниво не можеме да си дозволиме таков настап. Сега не сум подготвен да размислувам за преостанатите три натпревари од ЛШ. Мора да се опоравиме и да се подготвиме за следниот натпревар. Ако не можеме да победуваме како денешните, ќе ни биде тешко“, изјави тренерот на Манчестер Сити.
Манчестер Сити продолжува со падот. Тимот нема победа во 6 последователни натпревари – 5 порази и едно реми. На 1 декември тимот се соочува со Ливерпул на „Енфилд“.