Пеп Гвардиола: Можеби е време некој друг да стане шампион на Англија

Manchester City’s Spanish manager Pep Guardiola gestures during the UEFA Champions League round of 16 first-leg football match between Real Madrid CF and Manchester City at the Santiago Bernabeu stadium in Madrid on February 26, 2020. (Photo by JAVIER SORIANO / AFP)

Манчестер Сити вчера го претрпе четвртиот пораз по ред, откако загуби од Брајтон на гости со 2-1 во натпревар од 11. коло на Премиер – лига. За Сити ова е првпат од август 2006 година да доживее четири последовлни порази, додека за менаџерот Пеп Гвардиола ова е првпат во неговата кариера да загуби четири натпревари по ред.

Иако Гвардиола и порано се соочувал со поголеми заостанувања кои успевал да ги надомести, англиските медиуми ја истакнуваат неговата изјава по натпреварот и се прашуваат дали е завршена доминацијата на Манчестер Сити во Премиер – лигата.

„Откако освоивме шест титули во Премиер лигата за седум години, можеби е време шампионот да биде некој друг. За сè постои прв пат. Натпреварите се губат. Ова е мојот предизвик, а јас ги сакам предизвиците и нема да отстапам. Ова го сакам повеќе од кога било“, истакна менаџерот на Манчестер Сити.