Пеп Гвардиола очекува враќање на Грилиш по репрезентативната пауза
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше повредата на клупскиот играч за врска Џек Грилиш.
„Имаме натпревар сега и потоа две недели во кои тој ќе работи колку што е можно напорно и паметно за да биде подготвен да се врати. Ова не е повреда на мускулот, туку повреда на тетивата. Лекарот рече дека нема многу оштетување, па закрепнувањето е побрзо. Последните два-три дена тренираше многу добро. Тој се чувствува добро и има позитивен став. Можеби ќе ни треба денес, а особено во овие две недели – треба добро да работи и да се врати. Тогаш можеме да го добиеме Џек, кој, за жал го имавме многу малку од оваа сезона“, изјави Гвардиола за „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Да потсетиме, Џек Грилиш се повреди на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Лутон, кој се одигра во осминафиналето на ФА Купот. Средбата заврши со победа на „граѓаните“ со резултат 6-2. Оваа сезона англискиот играч за врска одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и забележа две асистенции.