Пеп Гвардиола пред сензационален камбек?

Роналд Куман ужива голема доверба во соблекувалната, но и од новата управа предводена од Жоан Лапорта, но што ако стане реално да се врати Пеп Гвардиола? ЕСПН ги „потресе“ социјалните мрежи со информацијата дека Гвардиола не ја отфрла можноста да се врати во својата Барселона, откако Жоан Лапорта се врати на чело на клубот. Сепак, тоа е можност само доколку Гвардиола ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, бидејќи со самото тоа, заедно со третата титула која веќе му е осигурана, ќе го заокружи својот циклус на „Етихад“. Гвардиола повеќепати повторуваше дека е среќен во Сити, дека тешко повторно ќе биде тренер на Барселона, но многумина веруваат дека тоа би можел да го промени Лапорта, кој никогаш и не криеше дека би сакал да се врати Пеп.