Пеп го сака Мусиала во Манчестер Сити

Манчестер Сити е силно заинтересиран за младата ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џамал Мусиала.

Мусиала се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа и има договор со Баварците до 2026 година. Талентираниот фудбалер оваа сезона настапи на 28 меча за баварскиот тим и постигна девет гола и четири асистенции.

Иднината на Кевин Де Бруин и Бернардо Силва на „Итихад“ е под знак прашалник, па Гвардиола го посочил Мусијала како приоритет за летниот преоден рок.

Баерн не сака да се раздели со 21-годишниот Германец и  ќе се обиде да го убеди да остане, а „граѓаните“ се спремни да понудат 100 милиони евра за неговиот потпис.