Пеп го сака Рафаел Леао во Манчестер Сити

Пеп Гвардиола е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.

22-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.

Гвардиола е „заљубен“ во играта на Леао и смета дека идеално би се вклопил во неговиот стил на игра бидејќи може да игра на повеќе позиции во нападот.

„Граѓаните“ спремаат богата понуда, но тешко дека ќе го убедат Милан да го пушти својот „бисер“. „Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ се во напредни преговори со неговиот агент за продолжување на соработката до 2026 година со тројно поголема плата.

Меѓутоа, тоа нема да го премисли Сити кој е спремен на лето да испрати понуда тешка 60 милиони евра за потписот на Леао.