Пеп Лијндерс по само пет месеци доби отказ во Салцбург

Пеп Лијндерс во јуни пристигна на клупата на Ред Бул Салцбург со силна поддршка од Јирген Клоп, со кој соработуваше во Ливерпул.

И не дека потфрли со најлошиот биланс на Салцбург откако го презеде „Ред Бул“, но не унапреди ниту еден играч!

Затоа по најлошата есен стигна очекуваната одлука на управата на Салцбург – Лијндерс доби отказ.

Единствениот успех на 41-годишниот Холанѓанец е пласманот во Лигата на шампионите на УЕФА бидејќи на два меча некако го надмудри Динамо од Киев.

Сè друго беше многу слабо според одамна воспоставените стандарди. Во Лигата на шампионите победа во Ротердам над Феенорд и пет порази, додека во австриската Бундес лига Салцбург по 16 кола е дури петти со 10 бода помалку од лидерот Штурм.

Австријците се на пауза до почетокот на февруари, но Салцбург има обврски во Лигата на шампионите, па играчите ќе имаат пауза само за Божиќ и Нова година, а ќе се подготвуваат од трети јануари. Пред дуелот со Реал и Атлетико во Лигата на шампионите ќе имаат две пријателски средби со Баерн и Митјиланд./МИА