Пеп најави дека ќе го испочитува договорот и ќе остане во Сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.
„Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона“, изјави Гвардиола за „Мирор“.
Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.
По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула.