Пеп никогаш досега не губел така често во една сезона

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го претрпе својот дванаесетти пораз во сите натпреварувања оваа сезона, повторувајќи го неговото лично најлошо достигнување досега во една сезона.

Да потсетиме, Манчестер Сити загуби на домашен терен во првиот натпревар од плеј-оф рундата од Лигата на шампионите 2025/2025 од Реал Мадрид (2-3).

Според информациите кои беа објавени, Манчестер Сити претходно имал исто толку порази во сите натпреварувања под водство на Гвардиола само во сезоната 2019/20.

Покрај поразот во мечот со Реал, избраниците на Гвардиола загубија и во Лигата на шампионите од ПСЖ (2-4), Јувентус (0-2) и Спортинг (1-4). Манчестер Сити загуби од Арсенал (1-5), Астон Вила (1-2), Манчестер Јунајтед (1-2), Ливерпул (0-2), Тотенхем (0-4), Брајтон (1-2) и Бурнемаут (1-2) во Премиер лигата, како и од Тотенхем во англискиот Лига Куп со резултат 1-2.