Пеп плаќа богатство за заменикот на Де Брујне

Манчестер сити покажал сериозен интерес за фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, пренесува „Скај Спорт“.
Имено, менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола покажал интерес за доведување на 21-годишниот германски репрезентативец сметајќи го за одлична замена за Кевин Де Брујн.
Вирц сезонава одигра 35 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 15 голови и подели 12 асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ го проценува на вредност од 140 милиони евра. Ќе потсетиме, Манчестер сити уште во овој јануари ги доведе: Витор Реис, Абдукодир Хусанов и Омар Мармуш.
Ќе потсетиме, „граѓаните“ во овој момент се на четвртото место во Премиер лигата со дури 16 бодови помалку од лидерот Ливерпул.