Пеп „раситни“ 150 победи во Премиер лигата

Шпанскиот стратегна кормилото на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, синоќа постигна нов рекорд во Премиер лигата.
Со победата на гостувањето кај Астон Вила од 2-1, Пеп ја оствари 150-тата победа како тренер во англиската фудбалска елита. Тој синоќа стана тренер, кој најбрзо успеал да дојде до 150 победи во Премиер лигата, а за тоа му требаа само 204 натпревари.
Жозе Мурињо имаше 150 победи по 230 натпревари, додека Алекс Фергусон оваа бројка победи ја направи по 247 натпревари.