Пеп самокритичен: Јас сум виновен за ремито со Саутемптон
Пеп Гвардиола, изјави дека „се чувствува виновен“ што неговиот тим не ги израдува навивачите на „Етихад“ со добрата игра и победа над Саутемптон во натпреварот од петтото коло во Премиер лигата. Мечот заврши нерешено, а „граѓаните“ успеаја да направат само еден прецизен удар кон голот.
Во текот на неделата, Гвардиола имаше конфликт со навивачите на Сити, откако изјави дека се надева дека стадионот ќе биде полн за натпреварот со „светците“, навестувајќи ги многуте празни места за време на победата од 6-3 над РБ Лајпциг во Лигата на шампионите.
„Секогаш се чувствувам лошо кога нема да одиграме добар натпревар. Навивачите доаѓаат да гледаат шоу и кога тоа не се случува, се чувствувам виновен бидејќи не одигравме добро”, рече Шпанецот по натпреварот.