Пеп се согласил на нов договор со Манчестер Сити
Пеп Гвардиола, чиј договор со Манчестер сити истекува на крајот од сезоната, како што тврди „Атлетик“ ќе потпише нов договор со клубот. Како што пренесува Дејвид Орнштајн, Гвардиола ќе се согласи да го продолжи договорот на уште една година и евентуално да си замине летото 2026 година пред Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Пеп веќе подолго време зборува за тоа како не донел конечна одлука, а шпекулациите за неговата иднина со месеци се тема на островските медиуми.
Последниот договор меѓу Гвардиола и Манчестер сити беше потпишан во ноември 2022 година, а во последните недели темата повторно стана актуелна поради официјалната потврда за заминувањето на спортскиот директор Чики Бегиристајн.
Тој му беше важен соработник на трофејниот тренер на тимот од Етихад, со кој претходно успешно соработуваше во Барселона.