Пеп ќе остане во Сити и покрај неуспешната сезона

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не ја доведува во прашање неговата иднина во тимот по поразот од Реал Мадрид (3-1) во реваншот од плејоф рундата во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид го доби и првиот натпревар (2-3) и се пласираше во осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување.
„Сакам да продолжам во Манчестер сити. На овие два натпревара победи подобриот тим, тоа мора да го прифатиме. Не само Мбапе. Имаат многу квалитетни играчи, фантастичен тим. Само им честитам, заслужуваат да одат понатаму. Ние се фокусираме на Премиер лигата. Ова е прва година кога не успеваме да се претставиме добро во Лигата на шампионите. Треба да го прифатиме тоа и да се бориме следната сезона повторно да бидеме тука“, изјави Гвардиола.
Манчестер сити не успеа да се пласира во осминафиналето за прв пат откако Гвардиола беше назначен за тренер во 2016 година