Перишиќ најави заминување од Тотенхем

Иван Перишиќ ја завршува својата мисија во Тотенхем и хрватскиот интернационалец ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда.

Меѓутоа тоа веројатно значи и дека нема повеќе да заигра за Тотенхем. Откако медиумите најавуваа вакво сценарио истото го потврди тренерот на „петлите“, Анте Постекоглу.

„Треба да бидам чесен и да кажам дека напорнои работи, сака да биде подготвен за репрезентација. Неиграњето е тежок удар за нас, очекував да даде голем придонес, меѓутоа повеќе нема да игра за нас“, изјави Постекоглу.

Подолго време се шпекулира дека Перишиќ може да се врати во Хајдук, па останува да видиме дали тоа ќе се случи.