Перишиќ не е задоволен од понудата на Интер за нов договор

Крилниот напаѓач на Интер, Иван Перишиќ не е задоволен од понудата на сопствениците на клубот за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Хрватот истекува на лето и „нероаѕурите“ прават се за да го обврзат на долг рок. Сепак, според „Спортмедиасет“, преговорите меѓу двете страни не се одвиваат според планот.

Перишиќ (33) моментално добива 5 милиони евра годишно, но бара зголемување на 6 милиони за повторно потпишување. Сепак, Интер се обидува да го убеди да ја намали платата на 4 милиони евра годишно, со што Хрватот изгледа не се согласува. Така што нема да биде изненадување ако Перишиќ го напушти „Џузепе Меаца“ на лето, освен ако Интер не реши да ја зголеми својата понуда.
Хрватот игра уште една одлчна сезона за Интер, со 29 одиграни натпревари и постигнати 5 гола и 2 асистенции. За него постои интерес од Челзи и Баерн.