Перишиќ пред враќање во Интер

Екипата на Интер може да го врати фудбалерот, Иван Перишиќ, кој го носи дресот на ПСВ Ајнтховен, објавија дел од медиумите во Италија.

Трансферот изгледаше блиску до реализација во изминатат зима но, холандскиот состав не сакаше да го пушти и постави обештетување од неколку милиони евра.

Хрватскиот репрезентативец во неколку наврати изјави дека сака да се врати во Милано. Перишиќ има договор до летото во 2027 година.