Перишиќ спремен за враќање во Хајдук
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2023/07/perisic-1024x576.jpg)
Еминентниот новинар Џанлука ди Марцио објави „бомба“ и тврди дека Иван Перишиќ ќе се пресели во хрватски Хајдук.
34-годишниот Перишиќ пристигна во Тотенхем минатото лето како големо засилување и запиша 44 настапи во сезоната.
Тој има уште една година договор, но медиумите тврдат дека наскоро ќе го раскине и ќе се врати во Хајдук.
Тој е дете на Хајдук, но никогаш не заигра за првиот тим, па во неколку наврати вети дека сака да се пензионира во клубот од Сплит.