Перо Антиќ останува претседател на КФСМ, но ја нема веќе довербата на клубовите

during the 2022/2023 Turkish Airlines EuroLeague Regular Season match between Crvena Zvezda mts Belgrade and Partizan Mozzart Bet Belgrade at Aleksandar Nikolic Hall on January 27, 2023 in Belgrade, Serbia. (Photo by Srdjan Stevanovic/Starsport.rs ©)

Перо Антиќ останува на чело на КФСМ откако не успеа иницијативата на клубовите за смена на раководството и покрај тоа што мнозиноството е против актуелниот претседател.

Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ го „преживеа“ првиот обид за смена, тој останува на чело на КФСМ и покрај тоа што мнозинството бара и сака промени.

На денешното собрание присуствуваа 46 претставници на клубови, здруженија и асоцијации, од кои дури 39 изразија незадоволство од работата на Перо Антиќ.

Но Перо Антиќ ја доби правната битка, не дозволи да се вметне точка на двневниот ред со која ќе се гласаше недоверба.

Тој и неговите соработници останаа доследни на членот 39 од Статутот на Кошаркарската федерација, кој вели: „Мандатот на Претседателот на Федерацијата трае четири години, но минимум две години од започнат, обновен или потврден мандат не може да се поднесува Иницијатива од страна на членките на Собранието на КФСМ за одржување на Вонредно изборно Собрание“.

Ова значи дека Перо Антиќ е безбеден барем до крајот на март, кога се навршуваат две години од неговиот реизбор.