Петар Атанасијевиќ доби нов договор од Еурофарм Пелистер
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека се договори за продолжување на договорот со 19-годишниот Петар Атанасијевиќ.
Репрезентативното лево крило со новиот договор се обврза дека ќе остане во екипата до јуни 2026.година. Младиот ракометар изрази големо задоволство од фактот што останува во таборот на битолчани и дека својата кариера и понатаму ќе ја гради во Еурофарм Пелистер.
„Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи. Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите дадовме максимумот, и тие кои играа и тие кои не добија шанса. Се гледам во овој клуб и во иднина, и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност“, изјави Атанасијевиќ.
Еурофарм Пелистер е лидер на табелата во домашното првенство со големи шанси за освојување на шампионската титула.