Петар Јовановски реизбран за прв човек на македонската одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија одржа редовно изборно собрание, на кое Петар Јовановски е реизбран за нов претседател на Одбојкарската федерација на Македонија.

Претседателот Петар Јовановски ќе го предводи Извршниот одбор. составен од членовите: Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски.

Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува Сања Никчевиќ.

На собранието новиот Извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во нивната работа во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на Европското првенство во 2026 година, со кое ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим.