„Петлите“ го сакаат Алан Сент-Максимин

Тотенхем е заинтересиран за крилниот фудбалер на Њукасл, Алан Сент-Максимин.

Французинот оваа сезона не добива голема минутажа во Њукасл, па е спремен да ја промени средината, а Тотенхем сака да ја искористи таквата ситуација.

Њукасл не ја исклучува можноста да го продаде Сент-Максимин бидејќи на лето ќе доведе нови засилувања на таа позиција.

Интерес за фудбалерот покажува и Милан, па Тотенхем сака да ја победи конкуренцијата и спрема понуда од 50 милиони евра.