Петровски: Македонија е еден од најмладите тимови

Виктор Петровски ја доби довербата на раководството на КФМ да ја предводи женската сениорска репрезентација во наредниот период. За новиот селектор, меѓутоа, нема многу време за адаптација, бидејќи пред македонската селекција е ноемврискиот циклус од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

За Петровски ова е голема чест, но и одговорност. Свесен е дека го презема националниот тим во период на сериозна генерациска промена, со значително подмладен состав, но и со јасна идеја за начинот на кој треба да се гради репрезентацијата во следните години. Новиот селектор на женската сениорска репрезентација најавува генерациска промена, долгорочна визија и процес во кој младите кошаркарки ќе добијат можност да растат и да се докажуваат на меѓународната сцена.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на Кошаркарската федерација на Македонија за укажаната доверба и можноста да ја преземам функцијата селектор на женската сениорска репрезентација. За мене ова претставува голема чест, но истовремено и голема одговорност. Свесен сум за предизвиците што ги носи оваа функција, особено во женскиот репрезентативен сегмент, и ќе дадам сè од себе за да одговориме на обврските што нè очекуваат“.

Значи, станува збор за процес кој бара трпение и континуитет. Каква е Вашата визија за развојот на женската сениорска репрезентација?

„Мора да бидеме реални и да разбереме дека создавањето конкурентна репрезентација е процес кој бара време, трпение, доверба и континуитет во работата. Не можеме да очекуваме најдоброто од оваа генерација да го видиме веднаш. Мојата визија е да размислуваме долгорочно, во период од наредните три до четири години. Сметам дека во овој момент е многу важно сите да имаме заедничка цел и да бидеме свесни дека пред нас е процес кој бара време и разбирање. Ни претстои период во кој овие кошаркарки ќе треба да стекнуваат искуство, да растат како индивидуи и како тим и постепено да ја преземаат одговорноста што ја носи настапот за сениорската репрезентација. Затоа, поддршката и довербата од сите страни ќе бидат од големо значење. Важно е да не гледаме само на резултатот од еден натпревар, туку и на напредокот што ќе го правиме од собир до собир“.