Пешевски: Словенија е озбилна и моќна селекција, но ние сакаме победа

Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе одигра двомеч против селекцијата на Словенија. Македонија првиот натпревар ќе го оддигра во СЦ „Борис Трајковски“ на 12.03. 2025 година со почеток во 20.00 часот, а потоа на 16.03. 2025 ќе гостува во Словенија, а натпреварот ќе се оддигра во Копер со почеток во 18.30 часот.

Еден од најискусните во репрезентацијата, пикерот Жарко Пешевски вели дека Словенија е сериозна репрезентација…

„Имаме голем респект кон Словенија, тоа е сериозна репрезентација која не пропушта големи првенства, редовен учесник и на Олимписки игри, имаа добар олимписки циклус. Тоа е тим со квалитетни играчи и според мене е во Топ 10 репрезентациите. Ќе биде двомеч во кој ќе ни се пружи убава шанса да се надигруваме со нив. Првиот меч, пред полна сала имаме шанса не само да им отежниме, зошто да не се надеваме и на позитивен резултат“, вели Жарко Пешевски.