Пешиќ ги одбра адутите за Евробаскетот

екторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, го објави конечниот список од 12 кошаркари кои ќе го бранат националниот дрес на претстојното ЕП.

На списокот се најдоа проверени имиња и носители на играта, меѓу кои Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов и Тристан Вукчевиќ.

Овој состав претставува комбинација на искусни ѕвезди и талентирани млади играчи, со што Пешиќ јасно испрати порака дека Србија оди на континенталниот собир со највисоки амбиции.

Од поширокиот список отпаднаа тројца играчи – Никола Топиќ, Балша Копривица и Дејан Давидовац, кои сепак остануваат дел од плановите на селекцијата за идните натпреварувања.

ЕП 2025 се игра во Летонија, Кипар, Полска и Финска од 27 август до 14 септември, а Србите се во групата во Рига заедно со Летонија, Португалија, Естонија, Турција и Чешка.