Пешиќ нема да се предомисли, Србија ќе добие нов селектор
Кошаркарскиот тренер Светислав Пешиќ испрати уште една јасна порака во однос на тоа дали ќе ја води во иднина српската кошаркарска репрезентација.
„Имам други планови во животот, сакам да работам нешто друго. Немам 57 туку 75 години. Апсолутно не чувствувам обврска кон никого. Она што го чувствувам е само одговорност кон играчите со кои работев во претходните три години и тоа е она што ме „мачи“ во мојата конечна одлука.
Веќе му кажав на Човиќ новиот претседател, нов тим, нови потпретседатели, се ново, почеток на нов олимписки циклус, нов тренер, се ново. Не бегам од тоа да му помагнам на Човиќ и на новиот селектор колку што им треба помош од мене. Немам што ново да објавам“, порача популарниот Кари.