Пењароја заминува од Партизан на крајот на сезоната

Жоан Пењароја актуелниот тренер на Партизан е мета на неколку клубови од Евролигата. Тоа значи дека Шпанецот, кој го препороди Партизан можно е на крајот од сезоната да го напушти клубот
Пењароја го презеде Партизан во тешки моменти кога тимот беше во резултатска криза и во серија лоши резултати, а требаше да ја наследи легендата на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ. Тој во кус период ја стабилизираше екипата и ја врати на победнички патеки.
Сите клубови кои разговарале со претставниците на шпанскиот стручњак добиле ист одговор – сака да остане во Партизан. „Црно-белите“ имаа шест победи во Евролигата и само поради слабиот старт не изборија „плеј-ин“, а се во конкуренција за титула во АБА лигата и шампионатот на Србија, кои се главни цели на шпанскиот тренер