Пикфорд добива нов договор во Евертон

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, е блиску до продолжување на договорот со „карамелите“.

Според новинарот Николо Шира, 31-годишниот англиски репрезентативец наскоро ќе потпише договор до летото 2028 година.

Пикфорд е во Евертон од 2017 година. Оваа сезона, голманот одигра четири натпревари, од кои двапати ја зачува мрежата „чиста“.