Пинамонти пред потпис со Лацио

Откако беа обезбедени Давиде Фратези од Интер и Јосип Шутало од Ајакс клубот од италијанската престолнина е на добар пат да комплетира уште еден трансфер.

Тоа е напаѓачот Андреа Пинамонти, играч кој ги има минато сите категории на италијанската репрезентација, има одиграно и еден меч за сениорската селекција.

Игра во Сасуоло и доаѓа ма „Олимпико“ и на позајмица вредна 3 милиони евра и опција за откуп од 11 милиони евра.