Пиоли: Натпреварот против Борусија е најважен дуел од групната фаза

Тренерот на Милан Стефано Пиоли во пресрет на денешниот натпревар во ЛШ изјави дека дуелот со Борусија Дортмунд може да биде пресвртница за неговата екипа во групната фаза.
„Тоа е многу, многу битен натпревар, без сомнение пресвртница во оваа групна фаза“, изјави Пиоли пред новинарите во Милано.
Пиоли кој е тренер на росонерите од 2019 година не сакаше дополнително да зборува за својот статус во тимот, меѓутоа според познавачите на состојбите во Милан, претстојниот натпревар со Дортмунд е клучен за него.
После изминати четири кола, Милан се наоѓа на третата позиција во групата Ф со пет освоени бода. Прва е Борусија Дортмунд со седум а ПСЖ е втор со шест бодови.